ФОТО: Адеми барем за момент им ја врати насмевката откако посети три болни дечиња

495

Аријан Адеми, македонскиот фудбалски репрезентативец по враќањето во својот клуб Динамо Загреб, денес направи еден убав и хуман гест. Заедно со вработен во клубот посетија едно семејство во Загреб кои има три болни дечиња, врзани за инвалидна количка.

„Насмевката на нивните лица е најголема награда. Таа храброст со која оиве деца патуват во живото, таа ведрина и оптимизан треба да бидат пример за сите. Нивниот живот е борба и на сето тоа треба да им се честита. Драго ми е што барем малку ги развеселив“, изјави Адеми.

При посетата на трите братичиња им беа доделени клупски поклони и беа повикани да дојдат на „Максимир“ на меч на Динамо Загреб.