(Фотогалерија) Вардарци ја почувствуваа „Сведбанк“ арената

611

Убавото време и одличниот терен на „Сведбанк“ стадионот синоќа ги пречека Вардарци на официјалниот тренинг пред натпреварот од Лигата на шампионите против Малме. Тоа е и последната подготовка пред денешниот меч кој почнува во 19:00 часот.

Од оние кои допатуваа во Малме, повредени играчи нема, што значи сите конкурираат за настап на утрешниот натпревар. Од пријавените играчи за настап во ЛШ, поради повреди во Скопје останаа Дарко Велковски и Џамбул Џигаури.