(Фото/Видео) Некој „ѓавол“ го запоседна Мурињо: Вака никогаш не се радувал!

3036

Португалецот дојде до четвртиот европски трофеј во кариерата, по што го совладаа емоциите.

Европска шампионска титула и УЕФА Куп со Порто, трофејот од Лигата на шампионите со Интер, Примера со Реал, Премиер лигата со Челзи, сето тоа се успеси кои Жозе Мурињо го вметнуваат меѓу најуспешните тренери во историјата на фудбалот, но се чини дека ниту еден трофеј не му беше значаен како овој синоќешниот со Манчестер Јунајтед.

Португалецот со „Црвените ѓаволи“, по исклучително напорната и турбулентна сезона успеа да ја освои Лигата на Европа и да обезбеди пласман во Лигата на шампионите, а потоа се радуваше и скокаше како дете. Многумина со право му ги оспоруваа работата и резултатите на почетокот од сезоната, но тој на крајот со својот тим сепак го потврди квалитетот и дојде до посакуваната цел.

Прв во прегратка синоќа му притрча синот Жозе Марио Мурињо, а потоа се менуваа солзите и насмевките на неговото лице. Португалецот константно држеше три и четири кренати прста. Трите ги означуваат трофеите освоени оваа сезона, а четирите прсти ги означуваат четирите освоени европски трофеи.

 

loading...