(Фото/Видео) Голден Стејт Вориорс се НБА шампиони: Кевин Дурент со двојна титула

1259

Голден Стејт Вориорс со победата од 129:120 над Кливленд Кавалирс во петтиот натпревар од НБА финалето на домашен терен во Оукленд, ја освои втората титула во последните три години и исто толку финалиња со Кавалирси.

Кевин Дурент ги предводеше победници и во натпреварот кој им донесе конечен триумф, со што ја освои МВП титулата на финалната серија, со што веќе во првата сезона во новиот клуб, кој со неговото доаѓање беше нарачен „Дрим тим“, ја оствари целта и конечно стана шампиони. Дурент постигна 39 поени, при што имаше одлична реализација 14/20 од игра од кои 5/8 за три поени.

MVP

تم نشره بواسطة ‏‎NBA on ESPN‎‏ في 12 يونيو، 2017

Дурент доминираше во текот на финалето, беше најрасположен во синоќешниот натпревар, кога на почетокот на последната четвртина со два погодоци од далечина, од кои едниот преку Леброн Џејмс, им овозможи на Вориорси да се одлепат на недостижна предност.

https://youtu.be/gD6FJmTwZ3I

Стеф Кари исто така беше феноменален со 34 поени, 10 асистенции и шест скока во екипата која овојпат не дозволи голем пресврт како минатата година, кога Вориорси против Кавси испуштија капитално водство од 3:1, а со идентичен скор и сега се влезе во петтиот натпревар, откако пред три дена Кливленд славеше убедлива победа на домашен терен во четвртиот натпревар и се закани со повторување на минатогодишната сензација.

Those shirts though 😂

تم نشره بواسطة ‏‎Bleacher Report‎‏ في 12 يونيو، 2017

Единственото финале пред ова, Дурент го играше во 2012. година со Оклахома, а тогаш победи Мајами Хит, предводен од минатогодишниот шампион и МВП на финалето. Но, Леброн Џејмс и покрај уште едната фантастична претстава, во која уфрли 41 поен, дополнети со 13 скока и осум асистенции, оваа сезона остана без четвртиот прстен и четвртата титула најкорисен играч во финалето. Кајри Ирвинг беше најголема поддршка за Леброн со 26 поени, но со очајна реализација 9/22.

Pure dominance.

تم نشره بواسطة ‏‎Bleacher Report‎‏ في 12 يونيو، 2017