Фоден – младата надеж на „граѓаните“ испиша нова историја

522

Кристијано Роналдо е првиот играч кој успеал да се запише во листата на стрелците на сите шест дуели од групната фаза во Лигата на шампионите, а синоќе падна уште еден рекорд.

Играчот на Манчестер Сити, Фил Фоден е најмладиот англиски играч кој започнал еден меч во почетните 11 од Лигата на шампионите.

Фоден вчера имаше точно 17 години и 192 дена кога истрча помеѓу почетните 11 на „граѓаните“ во мечот против Шахтјор. Воедно Фил е и првиот играч роден 2000 година кој започнал еден меч во Лигата на шампионите.

Ова е само продолжување на феноменалната година на Фоден кој постигна два гола во финалето за Англија на СП за играчи до 17 годинни и притоа стигна до титулата на Мундијалот каде што беше прогласен за најдобар фудбалер.