Флорентино Перез повторно ги собира “Галактикосите”

1876

Перез има намера да вклучи што повеќе “Галактикоси” во активностите на Реал, моментално Зинедин Зидан е тренер и е многу успешен, тука се Луис Фиго, Роберто Карлос и Роналдо кои ќе се грижат за имиџот и промоцијата на клубот, а ќе се приклучи и Дејвид Бекам, кој ќе се врати во клубот во улога на амбасадор.

Тој настапуваше за Реал од 2003. до 2007. година, имаше 155 настапи, постигна 20 голови и освои една титула со клубот во Шпанија.

“Големи играчи се тие кои сакаат да помогнат за имиџот на клубот, дури и после 2000. година, како Фиго, Зидан, Роналдо и Бекам. Воодушевен сум што се вратија”, изјави Перез.