ФИФА излезе со нова ранг листа: Македонија добро напредува напред!

2910

ФИФА денеска излезе со нова ранг листа на репрезентациите, базирано на она што го покажаа сите селекции во квалификацискиот циклус за пласман на Мундијалот во Русија идната година.

На врвот скоро и да нема драстични промени, Германија останува прва, Бразил втор, следуваат Португалија, Аргентина, Белгија, па Полска.

Франција скокна до седмата позиција, а Шпанија од 11. позиција дојде до на 8. позиција. Репрезентацијата на Чиле е деветта, а по прв пат во историјата на Перу, оваа репрезентација влегува во топ 10.

Репрезентацијата на Македонија сега е на 85. позиција, а ако се вратиме назад, пред мечевите со Израел и Албанија, селекцијата беше на 145. позиција, што е сигурно драстично подобрување.