ФИС ролер ски куп Тоше Проески се одржува овој викенд

178
Во периодот  25-27.08.2017 година, на патеката Кривогаштани-Крушево ќе се одржи првиот меѓународен „ФИС ролер ски куп Тоше Проески“. Организатори на  настанот се Агенција за млади и спорт на Република Македонија, Скијачка Федерација на Република Македонија, Фондација Тоше Проески и клубот Олимпик Скии – Крушево како и општина Крушево и општина Кривогаштани. Натпреварите ќе се одвиваат во две категории: мажи и жени. Оваа дисциплина влегува на бодовната листа на Меѓународната скијачка организација (FIS) за Зимските Олимписки игри во Пјонгчанг во 2018 година.
Заради одржување на ​​„ФИС ролер ски куп Тоше Проески“ на 26.08.2017 во рок од 1 час во периодот од 9 до 10 часот, ќе биде затворен регионалниот пат Крушево- Кривогаштани, како и патот од местото викано Пропуст до спомен куќата на Тоше Проески следниот ден односно 27.08.2017 во истиот период.
„Меѓународниот „ФИС ролер ски куп Тоше Проески“, би сакале да прерасне во традиционален рол ски куп, а истовремено и најреномиран на балканските простори и на тој начин да створиме традиција која најдобро ќе го отсликува спортскиот лик на градот Крушево. Со тоа нашите натпреварувачи ќе добијат уште една можност да бидат наши амбасадори претставувајќи и промовирајќи ја Република Македонија на најдобар можен начин.“- изјавија организаторите.