Филип Лазаров ја продолжува кариерата во Турција

241

Двајца македонски репрезентативци и поранешни членови на РК Вардар повторно ќе бидат заедно во еден тим.

Филип Лазаров одлучи кариерата да ја продолжи во екипата на Бешикташ, каде веќе настапува Ненања Прибак.

Лазаров се одлучи на ваков чекор по двомесечната авантура во редовите на Пелистер кој се покажа како попатна станица до неговиот следен ангажман.

Цела е јасна турскиот состав се натпреварува во Лигата на шампионите што е примамливо за секој ракометар.

Филип Лазаров ги договорил сите детали со новиот клуб и се очекува деновиве и официјално да биде ставен потпис на соработката, односно да биде реализирана неговата промоција.