Фиго ги откри своите фаворити за освојување на Мундијалот

277

Легендарниот португалски фудбалер Луис Фиго го анализираше предстојното Светско првенство кое на програмата е следната година во Русија.

Фиго кој денес работи како советник во УЕФА, низ својата кариера имаше прилика на неколку наврати да игра на Светско првенство и ова натпреварување не му е непознато, а говорејќи за фаворитите издвои две репрезентации.

„Португалија и Шпанија со сигурност се фаворите, не само во групата, туку на цело натпреварување. Но сепка, не смее да се заборави дека има екипи кои може да направат изненадување. Без најмал сомнеж, Португалија ја доби една од најтешките групи, но тие исто така ја имат една од најдобрите екипи на денешницата и мотивација која може и тоа како да влијае“, изјави Фиго.

Инаку, Португалија и Шпанија се сместени во иста група, Б каде што се Мароко и Иран.