ФИБА го бира најдобриот баскетџија: Екс-играчот на Кожуф главен кандидат

554

Заврши сезоната во баскет 3 на 3, сега останува да се поделат наградите.

Останува да се избере најспектакуларниот мајстор на популарната верзија на кошаркарската игра, а најголем фаворит за наградата е баскетџијата на екипата Нови Сад Ал Вада, односно на репрезентацијата на Србија, Душан Домовиќ Булут.

Тој воедно е бранител на титулата и се најде во изборот за најспектакуларен играч, откако претходно го понесе ова признание ан три турнири во сезоната.

Душан Домовиќ Булут и е познат на македонската јавност како поранешен играч на КК Кожув од Гевгелија. Со оглед на тоа дека немаше успешна кариера како професионален кошаркар, се одлучи за баскет 3 на 3 каде е мошне успешен, освојувајќи три златни медали на Светските првенства со Србија, двократен освојувач на Светската тура на ФИБА кога и двапати беше прогласен за најкорисен играч.