Фетел: Се уште не ми се верува за стартот на Ботас, тоа беше нечовечки…

2542

Германецот Себастијан Фетел смета дека Валтери Ботас од Мерцедес, прерано стартувал на трката (Jump start), со што стекнал предност која подоцна тој неможеше да ја достигне.

Ботас на вчерашната трка ја освои првата позиција и својата 2 победа, со нешто помалку од една секунда предност пред второпласираниот возач на Ферари.

Фетел преку радио врската констатираше на стартот од трката, дека се сомнева дека Ботас имал преран старт, и тоа подоцна ФИА го истражи, по што се докажали дека нема ништо спротивно на законите во Ф1.

Од моја гледна точка, тој прерано стартуваше, сигурен сум во тоа. Така изгледаше од мојот болид, но не е на мене да судам за тоа. Мојот старт беше комплициран, бидејки неможев да мирувам“.

„Не верувам дека Ботас беше толку брз на стартот, затоа верувам дека тргна прерано, но на крајот се покажа дека тоа не е точно, неговиот старт беше нечовечки“, смета Фетел.