Фетел непоправлив оптимист: Имаме болид кој може да победи на последните 5 трки

471

Многумина во Ф1 сметаат дека трката за титулата е скоро завршена, и дека се ќе биде формалност до крај на сезоната, сепак така не смета и Фетел.

Германецот по пехот на последните две трки, сепак се уште е оптимист и верува дека болидот на Ферари има потенцијал да победи на последните 5 трки, преку кои би можел да ја надополни негативата во однос на Хамилтон.

Фетел има недостаток од 34 бодови зад Луис Хамилтон, и доколку се претпостави дека ќе победи на секоја од следните 5 трки, а притоа Британецот да биде второпласиран, точно за бод предност би бил шампион Германецот.

Имаме добар болид кој требаше да победи на последните две трки, но болидот е во ситуација и да победи на секоја од преостанатите 5 трки. Нашата брзина е нашата надеж, тпа беше потврда дека имаме добар пакет. Не сум од оние кои долго гледаат во минатото. Дури и да победевме на овие две трки, не би се присетувал на нив, туку веќе би размислувал за следната трка“, смета Фетел.