Фетел: Наредната сезона ќе биде друга приказна

340

Иако тековната сезона во Формула 1 се уште не е завршена, Себастијан Фетел веќе се подготува за новата во која сака да дојде до уште една титула во неговата кариера.

„Самио неколку спортисти во светот имаат дури четири титули првак, па така Хамилтон мора да биде почитуван. Гледајќи ја оваа сезона, тој беше подобар и поради тоа го заслужи првото место. Во иднината се е можно, но наредната година ќе дадам се од себе да го сопрам да не дојде до петата круна. Оваа година беше негова, но во 2018 ќе биде друга приказна. Се почнува од нула, Ферари е на добар пат и цврсто верувам дека можеме да бидеме на врвот идната сезона“, изјави Фетел.

Германецот иако оваа сезона ја започна добро, во вториот дел следеше голем пад кој го одалечи од борба за шампионската титула во Формула 1.