Фетел има монструозна понуда од Ферари за нов договор

2361

Германскиот возач во Ферари, Себастијан Фетел, најверојатно ќе потпише нов тригодишен договор, со цел тимот од Маранело да го задржи.

Според брифирања на одредени медиуми од Италија, шефот на Ферари, Сержио Маркионе, заедно со Маурицио Аривабене, навестина тригодишен договор за Фетел, со севкупна сума од 120 милиони евра.

Но останува неизвесно прашањето со Кими Раиконен, кој изгледа бледо, немотивирано, недоволно добар, со исклучоци на одредени трки.

Момците од Маранело се задоволни од Себастијан Фетел, кој безусловно сакаат да го задржат до 2021 година.

Фетел оваа сезона се бори за шампионската титула со Луис Хамилтон од Мерцедес.