Фер-плеј на годината: Тренерот наредил да си дадат автогол бидејќи погодокот тие што го дале бил нерегуларен

934

Несекојдневен, но вистински пример за фер-плеј кој и тоа како треба да се поздрави се случи изминатиот викенд во регионалната лига на Хрватска, регион Загреб.

Тимот на Ивања Река постигнал гол за израмнување на 2-2, но играчите самите си признале дека бил нерегуларен, иако судијата го признал. Тренерот на екипата откако го дознал ова, без размислување рекол на својот најдобр играч да си постигне автогол, што тимот го чинеше пораз од Слога со 3-2.

Иако претседателот на клубот бил лут поради ваквиот потег на тренерот, сепак не му врачил отказ, а играчот кој си даде автогол посочи дека ова му е најдрагиот автогол во кариерата.