Фергусон жали за една одлука пред финалето во ЛШ 2008 година

4695

Легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, открива дека сепак, иако има многу сеќавања од минатото, една мисла и понатаму го прогоноува.

Тој смета дека направил грешка што Џи Сунг Парк не го вметнал во тимот кој настапи во ЛШ финалето 2008 година на „Лужники“, каде Јунајтед ја освои својата трета ЛШ титула, победувајки го Челси на пенали.

Да се освои ЛШ финале е фантастично. Имавме одлична екипа со добри играчи и одличен став, доста силна екипа. Но мојот проблем е тоа што во финалето 2008 година, нешто по кое и до ден денеска жалам поради тоа што го изоставив од составот Џи Сунг Парк. Тој имаше огромна улога во нашата екипа. Во 2011 година тоа му го направив и на Димитар Бербатов, а тој тоа не го прифати добро. Ниту еден играч не заслужува да биде надвор од тимот во ЛШ финале“, смета Фергусон.

Стариот лисец наскоро повторно ќе го води Манчестер Јунајтед, каде барем на еден натпревар ќе биде предводник на „црвените ѓаволи“ кои ќе одиграат ревијален натпревар, во чест на Мајкл Керик, кој ја игра можеби последната сезона во Манчестер, и впрочем, во неговата кариера.