Феноменален успех, “спартанците“ со пресврт до ново финале на Европската лига!

2636

Maкедонската машка одбојкарска репрезнетација со неверојатен пресврт успеа да обезбеди пласман во финалето на Европската лига.

Мечот во Гентофте не тргна според очекувањата. Данците кои се домаќини на завршниот турнир ги освоија првите два сета (25:19 и 25:20) во кои нашиот тим не успеваше да најде решение за играта на противникот.

Работите тргнаа на подобро во третиот сет во кој “спартанците“ со сигурен сервис и добра реализација во нападот намали на 2:1 добивајќи го овој дел од мечот со 25:14. Во четвртиот сет “машината“ на Драгутин Балиќ и понатаму беспрекорно функционираше на теренот што реузлтираше со израмнување на 2:2 и борба за финале во петтиот сет.

Капитенот Никола Ѓорѓиев беше на висина на задачата во клучните моменти, а тај-брејкот им припадна на нашите одбојкари(15:11) кои донесоа нова радост, втор пат се во финалето од Европската лига, каде за противник ќе ја имаат Украина која по пет сета ја совлада Шведска.