Фенер на тронот во Турција – „Обрадовиќи“ се шампиони, Антиќ мечот го следеше од трибини

778

Фенербахче повторно одигра драматичен натпревар против големиот ривал Бешикташ, кој повторно го победија со 98:94, а по оваа победа, Фенербахче е шампион во Турција.

Многумина во Турција предвидуваа дека Бешикташ ќе им направи сериозен проблем на избраниците на Жељко Обрадовиќ, па донекаде и погодија, бидејки резултатите беа доста тесни.

Ова беше четврта победа за Фенер против Бешикташ, со што сега тие се промовирани во нови шампиони, а сето тоа дојде неколку дена по освоената титула во Евролигата.

Богдановиќ повторно го имаше последниот збор во последните мигови, и неговата рака не затрепери, па заслужено ја освоија титулата.

Фенербахче и на овој натпревар беше без Перо Антиќ, кој остана да го следи мечот од трибини.

loading...