Фенербахче и Антиќ поведоа во финалната серија против Бешикташ

350

Кошаркарите на Фенербахче поведоа со 1:0 во финалната серија против големиот ривал Бешикташ (75:69).

Европските шампиони не дозволија изненадување пред домашните навивачи. Од друга страна, Бешикташ покажа карактер и изедначеност, па Фенербахче мораше да се намачи за победата.

Гостинската екипа тргна добро на овој натпревар, беше во постојано водство, но нешто подоцна мораше да се разбуди Боби Диксон, кој го држеше Фенербахче во егал ситуација.

Но како одминуваше времето, домашните го фаќаа посакуваниот ритам и на крајот слават победа за почетно водство во финалната серија од турскиот шампионат.

Боби Диксон беше најдобар кај Фенербахче со 16 поени, додека Екпе Удох имаше 13. Перо Антиќ вечерва не беше во составот на Фенер.