Фелпс против голема бела ајкула!

473

Најуспешниот пливач во историјата, освојувачот на 23 олимписки злата , Мајкл Фелпс е пред нов предизвик. Тој одлучи да се трка со многу опасен противник, голема бела ајкула.

ТВ каналот “Дискавери“ најави дека во промоцијата на нивниот серијал за ајкулите ќе биде вклучен и американскиот пливач, кој ќе треба да се соочи со еден од најопасните предатори во океанот. Големата бела ајкула може да достигне и брзина до 40 километри на час, посебно ако е гладна, односно е во лов. Најголемата брзина што Фелпс ја постигнал со пливање досега е 9,6 километри на час, што е за четири пати послабо време од она на гладната ајкула.

31-годишниот Фелпс мината година по Олимпијадата во Рио се повлече од професионалното пливање. Тој мината недела имаше можност да се запознае со ајкулите во Атланскиот океан, пред трката со една од нив закажана за идниот месец (23.јули).

loading...