Федерер шокиран по големиот одмор: Швајцарецот е поразен од 302. играч на АТП (Видео)

1361

Големото тениско име и тенисер со најмногу Грен слем титули, 35 годишниот Роџер Федерер, неочекувано загуби во својот прв натпревар по 10 недели одмор кој го зема по освојувањето на турнирот во Мајами, 2-6, 7-6 (8), 6-4.

Федерер беше поразен во 2. коло од АТП турнирот во Штутгарт, од тенисерот кој е моментално 302. рангиран на АТП табелата, станува збор за 39 годишниот Германец, Томи Хас.

„Постоеше некоја мала надеж дека ќе го победам, но искрено не верував дека до крај можам да играм против него. Најважно е што одиграв комплетен и добар натпревар, пред своите фанови“, истакна Хас по натпреварот со Роџер Федерер.

Ова за Швајцарецот е втор пораз сезонава. По освојувањето на Австралија Опен, Индиан Велс и Мајами, освен Томи Хас, пораз Федерер доживеа и во Дубаи.

loading...