Федерер преживеа хорор, но го елиминира 70. светски тенисер

888

Големи тешкотии имаше Роџер Федерер во првото коло од последниот Гренд слем во сезоната – УС Опен.

Најголемиот фаворит за титулата во Њујорк мораше да игра дури пет сета против 19-годишниот Американец Франсис Тиафо за на крајот, сепак, да оствари победа со 3-2 (4-6, 6-2, 6-1, 1-6, 6-4). Победникот не се знаеше буквално до последниот гем бидејќи иако Федерер имаше брејк предност во клучниот сет, Тиафо се врати во игра и намали на 4-5. Потоа на свој сервис требаше да израмни, но швајцарскиот ас собра сили и стави точка на мечот.

Многу помалку проблеми имаше Рафаел Надал кој со 3-0 во сетови славеше против Душан Лајовиќ од Србија (7-6, 6-2, 6-2).

Во второто коло, Федерер ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Кавчич и Јужни, а противник на Надал ќе биде победникот од мечот меѓу Даниел и Пол. Вчерашната програма беше прекината поради лошите временски услови во Њујорк и се играше само на Централниот терен кој од оваа година има покрив.