Федерер пишува историја – за десет дена ќе стане најстар број 1 во историјата

308

Најдобриот тенисер во историјата Роџер Федерер одлучи да ја прифатио специјалната покана и да настапи на АТП турнирот во Ротердам кој ќе се одржи од 12 до 18 февруари.

Ако стигне до полуфиналето, Швајцарецот ќе се врати на првото место на АТП листата и ќе стане најстар тенисер во историјата на кого му успеало ова. Турнирот во Ротердам е од “серијата 500”, па со евентуална титула тој ќе направи предност од околу 350 бода во однос на Надал.

Сепак, тој нема да има воопшто лесна задача бидејќи своето учество веќе го потврдија Григор Димитров, Алекс Зверев, Стен Вавринка, Ник Кирјос, Томаш Бердих итн. Последен пат на првото место на АТП листата, Федерер беше во 2012 година.