Федерер: Ова е вистинска бајка за мене

435

Роџер Федерер ја освои својата 20. Гренд слем титула во кариерата, откако денеска во финалето на Австралија Опен го совлада Марин Чилиќ со 3:2 во сетови.

Швајцарскиот тенисер одигра фантастичен турнир во Австралија и дојде до нова Гренд слем титула во кариерата. Иако го прослави својот 36-ти роденден, Федерер покажа уште еднаш дека годините за него се само број.

„Ова е вистинска бајка која за мене и мојот тим продолжува. По одличната мината година која ја имав, ова е неверојатно. Сакам да му се заблагодарам на Марин на одличниот турнир и му честитам што стана трет тенисер на светот, само нека продолжи така. Во Австралија секогаш уживам и ви благодарам на големата поддршка“, изјави Федерер.