Федерер не се ни испоти, а стигна до рекордна победа на Вимблдон

608

Најуспешниот тенисер на Вимблдон, Роџер Федерер за само 45 минути ја мина првата пречка на годинашното издание од британскиот Гренд слем.

Не затоа што беше толку доминантен, туку бидејќи неговиот ривал Александер Долгополов го предаде меѓусебниот меч во вториот сет при резултат 6:3, 3:0. Тоа беше и рекордна 85. победа за некој тенисер на Вимблдон со што Федерер уште еднаш се запиша во аналите на овој турнир.

Во второто коло, тој ќе се сретне со подобриот од мечот меѓу Душан Лајовиќ и Циципас од Грција.