Федерер му покажа на Зверев кој е „газда“ во денешниот тенис

316

Некогаш првиот тенисер во светот Роџер Федерер, вечерва во Лондон ја оствари втората победа во својата група Б на завршниот Мастерс турнир на осмината најдобри играчи во светот, и обезбеди полуфинале.

Одличниот Роџер Федерер триумфираше против германскиот тенисер Александер Зверев, па на најдобар можен начин потврди дека се наоѓа во добра форма и во моментот е единствен играч во оваа група кој има две победи.

Федерер победи со 2:1 во сетови, првиот по долга борба го доби Швајцарецот (7:6), додека во вториот Александар Зверев се избори за изедначување (5:7), па се се решаваше во последниот трет сет, каде Федекс го збриша Зверев со 6:1.