Федерер го издвои најважниот меч за него во кариерата на Вимблдон

1817

Осумкратниот освојувач на Вимблдон, Роџер Федерер, за медиумите потенцираше кој натпревар од споменатиот турнир, бил всушност најважен во неговата кариера.

Вимблдон му е омилен турнир, а победата против Пит Сампрас во 2001-та на овој турнир е токму најомилената на Швајцарецот. Запрашан, на што мисли прво кога ќе се спомне Вимблдон, тој одговори:

Многу сум сречен што сум во ваква позиција. Како почетник, се надевав некогаш дека ќе заиграм овде, можеби ако имам среча и на централниот терен, и да игра со добри играчи, како Сампрас“.

Сонував дека еден ден можеби ќе го освојам овој турнир, но не ни претпоставував дека 8 пати ќе освојувам овде. Ова е мојот омилен турнир, и поради тоа ова уште повеќе ми значи“, истакна Федерер.