Федерер: Годинава имам нова, поголема цел

482

Швајцарецот Роџер Федерер, истакна дека се надева дека во новата година ќе има успеси како и претходните години, меѓу кои само минатата седум трофеи на повеќе фронтови.

Моментално вторпласираниот тенисер во светот почна каде што застана, играјки Хопман Куп.

Среќен сум што сум во ситуација да го бранам Австралија Опен. Имав одлична сезона и се надевам дека и оваа ќе биде исто така добра. Имам поголеми очекувања од претходната, но ќе се обидам да останам смирен. Тоа е лесно да се каже, но тешко за остварување“.

Моите амбиции се да ги одбранам сите свои титули, сите седум, вклучувајки два Грен слема и три мастерс турнири. Тешко е тоа да се замисли, но ќе се обидам да го сторам тоа. Кога имате 36 години важно е да останеме сконцентрирани на себе, но се зависи и од останатите. Се зависи какви ќе бидат Рафа, Новак, Мареј, Раониќ, Нишикори….“.

Претходната сезона Федерер ја прескокна цела серија турнири на земја, сметајки го и Ролан Гарос, па следуваше и прашање дали сезонава планира освојување и на Париз Опен.

Тоа е сериозно прашање, сезоната на земја трае долго, ако ја пропуштиш, имаш доволно време да се одмориш и подготвиш за она што следува потоа. Но доколку играш, мора да се откажеш од нешто друго“, појасни Федерер.