ФА ги менува правилата за „глумците“: Карагер сериозно го истрола Јунајтед (Фото)

2761

Легендата на Ливерпул, Џејми Карагер, е познат по тоа што кога се во прашање Ливерпул и Манчестер Јунајтед, знае да влезе во пријателска конфронтација со Гери Невил, негов некогашен противник но и пријател.

Откако ФА денеска соопшти дека од идната сезона се разгледува опција да се казнуваат сите глуми на играчите со суспензии, Карагер го пронајде во сето тоа Манчестер Јунајтед, за кој напиша интересен статус на неговиот Твитер профил.

Уште повеќе проблеми за Манчестер Јунајтед идната сезона“, напиша Карагер, што алудира на тоа дека Јунајтед ги смета за големи глумци кога се на терен.

На тоа сигурно нема да останат мирни навивачите на овој трофеен клуб, кои сигурно ќе се обидат да му вратат со реплика на неговиот коментар.

Во Јунајтед еден од најпознатите играчи кои знаат бесрамно да одглумат фаул или пенал, е Ешли Јанг, кој во Англија има репутација на „падавичар“ како што го нарекуваат повеќето фанови.

loading...