Фановите на Астон Вила во екстаза: Роберто Карлос потпиша(л) со нивниот клуб (Фото)

6154

Астон Вила не успеа експресно да се врати во Премиерлигата сезонава, затоа што во Чемпионшип завршија на 13. позиција. Од друга страна, во елитата се враќа тимот на Њукасл.

Познатиот англиски клуб од Бирмингем минатата сезона доживеа голема промена и падна скалило подолу а сезонава скоро може да се каже едвај останаа и во Чемпионшип дивизијата.

Меѓутоа, се случи една интересна ситуација, Астон Вила ги шокираше навивачите, кога го примија во официјална посета екс легендарниот играч на повеќе европски екипи, Роберто Карлос, за кој многу од навивачите помислија дека ова е трансфер.

Тој само се фотографираше со управата на клубот, а потоа настана хистерија дека Астон Вила обезбедија иако возрасен играч, сепак бомбастичен трансфер.

Овој 44 годишен лев бек својата кариера ја заврши пред пет години, но очигледно дека мисли дека може да игра и понатаму на високо ниво.

При фотографирањето со дрес на Астон Вила, Карлос се присетил на далечната 1996 година, кога беше на чекор да потпише за оваа екипа, но сепак не му беше судено да игра за нив.