У17 и У19 ги добија противниците за следниот квалификациски циклус: Тешка задача за надежите

236

Македонските фудбалски репрезентации до 17 и 19 години денеска ги дознаа своите противници за квалификацискиот циклус за следното Европско првенство во 2019. година, кој започнува идната есен.

Завршниот турнир ќе се одржи во јуни 2019. година во Ерменија.

У19 репрезентацијата се најде во тешка група со Чешка, Хрватска и Луксембург, со напомена дека во елитните квалификации место имаат само Португалија и Германија, а директно место на шампионатот има единствено домаќинот Ерменија.

Нешто полесна задача доби репрезентацијата до 17 години, која во квалификациите за Европското првенство 2019. година ќе игра против Шпанија, Фарски Острови и Израел.

Пласман во елитните квалификации за ЕП ќе обезбедат најдобрите две репрезентации од секоја група, плус четирите најдобро третопласирани репрезентации.