Уште едно засилување Гвардиола: Втор играч на Монако доаѓа во Сити

3488

Најдоцна до средината на претстојната недела, Бенжамин Менди ќе стане играч на Манчестер Сити, тврдат англиските медиуми.

Младиот фудбалер ќе стане најскап лев бек во историјата на фудбалот бидејќи за него Монако ќе добие 55 милиони евра, десет повеќе од првично понудената сума на Сити. Од Менди се очекуваат големи работи по фантастичната сезона што ја имаше во дресот на Монако.

Тој треба да биде петто засилување за Сити по Кајл Вокер, Бернардо Силва, Едерсон и Даглас Луис за кои Сити плати вкупно 130 милиони фунти.