Уште едно „Ел Класико“, но на француско тло!

1167

Посебно интересен за Барселона и Реал Мадрид, е младиот играч на Марсеј, Максим Лопез.

Со само 19 години Лопез е еден од најдобрите млади играчи во Европа на својата позиција (играч за врска), кој е способен да креира шанси и да постигнува голови во исто време.

Често го споредуваат со Андрес Иниеста, а Барселона редовно го следи. Во трката се вклучил и Реал Мадрид, кој е секогаш тука на пазарот кога се во прашање младите и атрактивни играчи.

За да не остане само на зборови, тренерот на Реал го пофалил младиот играч од Марсеј.

Тој е навистина мал, но навистина фасцинантно игра. Навистина сум импресиониран од неговиот играчки карактер. Многу трчи, креира постојано шанси за голови“, потенцирал Зидан.

Но Барселона не сакал да се предаде во оваа пресметка со Реал, па наводно веќе му издале налог на Зубизарета да оди до Марсеј, и да преговара за можен трансфер на овој играч во Каталонија.