Уште еден ракометар му кажува ЗБОГУМ на Вардар

3548

Веќе од поодамна е познато дека актуелниот европски, СЕХА и македонски шампион, Вардар идната сезона ќе има многу поразличне лик

Од клубот своето заминување веќе го најавиа и практично реализираа со потпишувањето за други клубови, низа ракометари.

Лука Циндриќ (Киелце), Арпад Штербик (Веспрем), Илија Абутовиќ (Рајн Некар Левен), Мијајло Марсениќ (Фуксе Берлин), како и тренерот Раул Гонзалез кој ќе го презеде ПСЖ.

Оваа низа има тенденции да продолжи да расте, а следен кој многу веројатно ќе им каже збогума на „црвено-црните“ е десниот бек Хорхе Македа.

Шпанецот има неколку интересни понуди, меѓу кои од унгарски Пик Сегед и германски ајн Некар Левен, а која ќе ја избери ќе биде познато во наредните неколку дена.

Од друга страна, Вардар се уште нема потврдено ниту едно засилување за следната сезона иако во јавноста кружат низа имиња на ракометари