Уште еден „Македонец“ во Турција: Мекејлеб пред трансфер во Галатасарај

877

Поранешниот македонски репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб би можел да стане нов играч на Галатасарај.

Според турските медиуми, тој веќе е во завршна фаза на преговори со овој клуб и можеби уште денеска ќе го потпише договорот. Ако тоа се случи, Галатасарај ќе биде негов трет турски клуб во кариерата по Мерсин каде настапуваше една сезона (2008/09) и Фенербахче во периодот од 2012 до 2014 година.

Постои можност и во Галатасарај тој да игра со својот поранешен тимски колега Ричард Хендрикс кој, исто така, е на преговори со овој клуб. Американскиот двоец со македонски пасош минатата сезона беше дел од Гран Канарија.

Во турскиот шампионат веќе настапуваат Перо Антиќ и Џордан Теодор, а од ова лето таму се сели и Војдан Стојановски.