Уште еден Вардарец ја продолжи верноста кон „Црвено-црните“

518

Десното крило на РК Вардар Даниил Шишкарев и во следната сезона ќе биде дел од Вардар.

Рускиот интернационалец и раководството на македонскиот повеќекратен ракометен првак договорија соработка и за сезоната 2017/18 со што Шишкарев ќе остане во Скопје.

За Шишкарев играњето во Вардар е прво интернационално искуство и од 2014 година тој е член на нашиот шампион. Како дел од тимот освои две шампионски титули во Македонија и двапати беше победник на СЕХА Газпром лигата.

Во пролетниот дел од сезоната на неколку натпревари Шишкарев особено се истакна постигнувајќи серија на голови, а првпат со Вардар и вторпат во кариерата ќе игра и на фајнал-фор турнирот во Келн, во Лигата на шампионите. Сезонава постигна вкупно 30 голови во натпреварите од Лигата на шампионите, од кои пет на последниот четвртфинален натпревар против Флензбург во Скопје.