УС Опен ја размрда АТП и ВТА листата

625

Рафаел Надал по триумфот на УС Опен ја зголеми предноста на лидерската позиција, Роџер Федерер напредуваше за една позиција и сега е втор за сметка на Енди Мареј кој е на третото место.

Новак Ѓоковиќ сега е шести, пред него се Александер Зверев и Марин Чилиќ, а најдобрите десет тенисери на планетава ги заокружуваат Доминик Тим, Станислав Вавринка, Григор Димитров и Пабло Карењо Буста.

Шпанката Габриње Мугуруза за прв пат во својата кариера ќе биде на врвот од ВТА листата, иако беше елиминирана во 4.коло на УС Опен. Таа ја симна од врвот Каролина Плишкова која во 1/4 финалето беше совладана од Коко Вандевеј. Чешката тенисерка падна дури на 4-та позиција, а пред неа се Симона Халеп од Романија и Елина Свитолина од Украина.

Венус Вилијамс од деветата се искачи на петата позиција, а во најдобрите десет се уште и Каролин Вознијацки, Џоана Конта, Светлана Кузњецова, Доминика Цибулкова и Јелена Остапенко.