Урнебесни коментари на сметка на Чаби Алонсо од фановите на Ливерпул

1169

Ждрепката во ЛШ се случи и помина, а доаѓаат и првите реакции од фановите на клубовите кои се засегнати од своите нови противници во нокаут фазата од ЛШ.

Денеска присутен во Нион на извлекувањето на нокаут фазата, присутен беше Чаби Алонсо, поранешниот играч на Ливерпул и Реал Мадрид.

Фановите на Ливерпул се задоволни со ждрепката, а поради тоа што го добија Порто, упатија интересни и позитивни коментари кон нивниот миленик од минатото.

Алонсо во Ливерпул играше до 2009 година и се стекна со култен статус легенда, за подоцна да премине во Реал Мадрид.

Чаби Алонсо се уште асистира за Ливерпул“, беше еден од најчестите коментари на социјалните мрежи денеска попладне.

Но сепак не се оствари предвидувањето на Јирген Клоп, дека Ливерпул и годинава ќе добие тежок противник како пример Реал или Баерн Минхен.