Уморот го стигна Металург, во финишот падна пред Горење Веленје

182

Македонскиот ракометен вице-првак Металург го запиша четвртиот сезонски пораз во СЕХА лигата. Во рамки на 6. коло пред домашна публика, составот од Автокоманда е поразен од Горење Веленје со резултат од 24-29.

Иако поразот според резултатот делува голем, играта на теренот кажува нешто друго. Момците на Јовиќ одиграа еден израмнете и егал натпревар се до самиот финиш каде што во последните 5 минути потклекнна физички.

Краткиот ростер, како и тешките и далечни гостувања на исток од Европа во ЛШ си го направија своето. Јагањац со 6 гола вечерва беше прво име кај металурзите, додека кај словенечката екипа, Поточник со 5 погодоци беше најефикасен.