Украина сепак подобра во финалето – Македонија не успеа да освои злато

765

Одбојкарската репрезентација на Македонија, по трет пат не успеа да обезбеди злато во Европската лига, откако вечерва беа поразени од селекцијата на Украина која победи со 3:1.

Очигледно дека мечот со Данска ги исцрпи нашите одбојкари, кои во финалниот меч влегоа со голем замор, и тоа доведе до капитулација.

Украина уште на почетокот ја покажа својата доминација, првиот сет го доби со 25:15, и поведоа со 1:0.

Нешто понеизвесен беше вториот сет, кој Украина го доби но со потесна разлика (25:22). Во третиот сет нешто подобра игра на нашите „спартанци“ кои иако имаа голема негатива, го свртеа резултатот и со 26:24, во самиот финиш на сетот, придонесоа за неизвесност во ова финале, намалувајки на 2:1.

Но сепак, Украина притисна во последниот четврти сет, каде со убедливи 25:13, обезбеди европска круна.