УЕФА објави: Манчестер Јунајтед и Реал во Скопје за билети од 15 до 50 евра

7998

Пред околу полковина час, на официјалната страна на УЕФА почна аплицирањето за билети за претстојниот Супер куп што ќе се игра во Скопје.

Цените се прифатливи за сите ако се знае дека во нашиуот главен град доаѓаат гиганти како Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. Тие се поделени во три категории и чинат од 15 до 50 евра.

Најевтини се зад головите – 15 евра, на аглите од стадионот чинат по 30, а во централниот дел по 50 евра. Аплицирањето ќе трае до 4 јули во 14 часот по што ќе се изврши лотарија и ќе се знае кој може да ги купи.

Аплицирањето може да се изврши на следната адреса:

https://supercup.tickets.uefa.com/lottery/welcome_en.html

loading...