УЕФА го скрати списокот: Вардар доби шест потенцијални противници за Лигата на шампионите

1994

Македонскиот фудбалски првак Вардар денеска го очекува ждрепка за второто коло од квалификациите во Лигата на шампионите.

Како и во претходните години, УЕФА на неколку часа пред влечењето на двојките ги дели носителите и неносителите во неколку групи од кои ќе се добијат двојките во квалификациите.

Според ова, Вардар се падна во Групата 3, каде потенцијални противници во второто коло можат да бидат великанот Селтик, незгодната Легија Варшава, но и клубовите кои Вардарци ги посакуваа како Марибор, Малме Хафнафјордур и норвешкиот шампион Розенборг.