УЕФА го објави идеалниот тим на сезоната, дури осум играчи од Реал Мадрид

2477

Не им требаше многу време на луѓето од УЕФА да го одредат идеалниот тим од штотуку завршената сезона во Лигата на шампионите.

По првпат во историјата на натпреварувањето еден клуб успеа да ја одбрани титулата. Реал Мадрид успеа да го направи тоа во голем стил, совладувајќи го Јувентус со 4:1 во Кардиф.

Затоа не чуди што Реал доминира на списокот со дури осум играчи.

Честа на Јувентус ја бранат тројца фудбалери, Монако и Атлетико со по двајца, а во изборот се „пикнаа“ и Барселона и Баерн со по еден играч.

Голмани: Џанлуиџи Буфон (Јувентус), Јан Облак (Атлетико Мадрид).

Одбрана: Леонардо Бонучи (Јувентус), Дани Карвахал (Реал Мадрид), Марсело (Реал Мадрид), Серхио Рамос (Реал Мадрид), Диего Годин (Атлетико Мадрид).

Среден ред: Каземиро (Реал Мадрид), Тони Крос (Реал Мадрид), Лука Модриќ (Реал Мадрид), Иско (Реал Мадид), Миралем Пјаниќ (Јувентус), Тиемуе Бакајоко (Монако).

Напад: Кристијано Роналдо (Реал Мадрид), Лионел Меси (Барселона), Антоан Гризман (Атлетико Мадрид), Килијан Мбапе (Монако), Роберт Левандовски (Баерн Минхен).

Од друга страна и сајтот „WhoScored“ го објави идеалниот состав според нив. Имено, овој сајт е специјализиран за фудбалска статистика, а нивните оценки се базираат на егзактни показатели, а не на субјективни впечатоци.

Според нив, идеалниот тим на сезоната од Лигата на шампионите се состои со по двајца играчи од Јувентус, Реал Мадрид и Барселона, како и по еден играч од Атлетико, Севиља, Баерн Минхен, Лестер и Арсенал.

loading...