УЕФА ги казнува фановите на Сент Етјен, а за фановите на ПАОК ниту трага ниту глас

583

Европската фудбалска унија отвори дисциплинска постапка против Сент Етјен поради недолично однесување на навивачите на дуелот против Манчестер Јунајтед во рамките на ЛЕ.

Сент Етјен е обвинет бидејќи приврзаниците на францускиот клуб палеле бакли и на теренот на „Олд Трафорд“ фрлале разни предмети.

УЕФА наведува дека дисциплинскиот орган со случајот ќе се занимава во 23. март, кога ќе биде и соопштена конечната одлука.