Убав ден во Романија: Победа за Ивчевски, второ место за Бузалковски

573

Македонските мотоциклисти Слободан Ивчевски и Христијан Бузалковски имаа одличен настап вчера на третата трка од БМУ Европскиот брзински мотошампионат што се одржа во Романија.

Во класата Ф1000, Ивчевски го освои првото место, додека Спиров во истата класа дојде до четвртата позиција. Во оваа конкуренција, по три трки, Ивчевски е првопласиран во генералниот пласман до 65 бода, а Спиров е трет со 37. Успехот на македонските мотоциклисти го комплетираше Бузалковски кој во класата СП 125 го освои второто место.

Во екипна конкуренција, Македонија застана на третата позиција, но во текот на денешниот ден, нашите мотоциклисти ги очекуваат нови трки.