Тур Д Франс е ригорозен: Подмолно го удри противникот, и заработи суспензија (Видео)

672

Светскиот велосипедски шампион, Петер Саган од Словачка, е исфрлен денеска од Тур д Франс, откако беше утврдено дека намерно го удрил својот противник со лакт, Марк Кавандиш.

Луѓето задолжени за спорни моменти во оваа голема спортска дисциплина, утврдиле вина на Саган, и веднаш била донесена одлука тој да добие санкција, односно исфрлање односно суспензија од Тур д Франс.

Британскиот велосипедист поради ударот, заврши на земја, удирајки во заштитните бариери, по кои подоцна имал и мали повреди, па морале и доктори да интервенираат кај него.

Одлучивме да го дисквалификуваме Петер Саган од Тур д Франс, затоа што сериозно ја загрозни безбедноста на неколку возачи, меѓу нив и на Марк Кавандиш“, соопшти меѓународната велосипедистичка федерација.