Тука е крајот: Федерер „раскинува“ со Ролан Гарос

1549

Најдобриот тенисер во историјата Роџер Федерер најверојатно никогаш повеќе нема да се појави на турнирот “Ролан Гарос”.

Оваа година тој воопшто не се појави на терените во Париз, но сериозно размислува така да биде и претстојните сезони. Причината е фактот што паузирањето го остава свеж за другите турнири.

“Минатите години многу се потрошив на турнирите на земја. Моите колена страдаа поради тоа. Оваа година донесов одлична одлука: да ја прескокнам цела сезона на земја бидејќи ми се случувало поради тоа да ми пропадне остатокот од годината. Размислувам така да направам и идната година”, изјави Федерер.

Швајцарецот има 19 Гренд слем титули во кариерата, но на “Ролан Гарос” триумфираше само еднаш – во 2009 година.