Тројца клупски соиграчи на Деспотовски суспендирани доживотно поради местење

720

Меѓународната одбојкарска федерација (ФИВБ) суспендираше тројца играчи од Романија за обложување на одбојкарски натпревари на нивниот тим во јануари оваа година!

Суспензиите се драконси, па тројцата одбојкари добија забрана доживотно да играт професионално одбојка. Станува збор за Александру Мусканча (во дресот број 12 на фотографијата), Александру Церсемба (во дресот број 6 на фотографијата) и Андреј Уршаче, сите членови на Аркада Галаци во тоа време.

Тие во вториот меч од 16-финалето на ЦЕВ Купот помеѓу нивнито тим и српска Војводина, игран на 4 јануари се обложувале нелегално.

Бидејќи знаеле дека Аркада ќе биде многу ослабена за реваншот, Мусканча и Церсемба предложил Уршаше преку својот профил на “Betfair”  да направи онлајн влог против својот клуб.

Откако ФИБВ добила предупредување преку софтверот за информатичка технологија кој секогаш кога некои од играчите од својата база на податоци се обидуваат да се обложуваат, биле откриени и фатени во манипулацијата.

Инаку за тимот на Аркада Галаци игра и нашиот репрезентативен техничар, Филип Деспотовски кој на сликата е со број 11.