Трката во Виља Реал заврши предвреме – Иџе го освои третото место на втората трка

2390

Откако првата трка ја заврши на четвртото место, нашиот најдобар автомобилист Игор Стефановски Иџе заврши на третото место во втората трка од ЕТЦЦ шампионатот во Виља Реал во Португалија.

Трката мораше да биде прекината предвреме по одлука на Контролата на трката поради инцидент на патеката. Така, втората трка наместо со извозени 13 круга, мораше да заврши по само шест поради инцидентот кој го имаше швајцарскиот автомобилист Шрајбер, кој патем е лидер во генералниот пласман.

Според информациите од ЕТЦЦ, трката мора да биде прекината поради оштетување на заштитната ограда крај патеката и истата нема да биде продолжена, а како конечни резултати ќе се земат предвид резултатите по шесте круга. Со тоа, Стефановски заврши на подиумот освојувајќи го третото место, зад второпласираниот Кралев од Бугарија и победникот Шабо од Унгарија.

Поради предвремениот крај на трката, возачите ќе добијат половина бодови од предвиденото, па така Стефановски по викендот во Португалија има три освоени бода во генералниот пласман.